Нова демократија не треба да се поистоветува со помалиот коалициски партнер ПАСОК, изјави секретарот на владејачката партија Андреас Папамимикос.
Во интервју за весникот „Агора“ (Пазар), тој рече дека доколку дојде до предвремени парламентарни избори, што е многу веројатно поради можноста сегашниот состав на Парламентот да не избере нов претседател на земјата, „договорот со ПАСОК е завршен“.
Сепак, тој изрази убедување дека Парламентот ќе успее да го избере кандидат на владејачката коалициска Влада Ставрос Димас за нов претседател на Грција.