Нова демократија го нападна Ципрас дека и прави лоша реклама на Грција

Од:

Грчката опозициска партија Нова демократија го критикуваше премиерот Алексис Ципрас за негативен публицитет на Грција во странство, јави дописникот на МИА од Атина.

Портпаролот на опозициската партија Костас Карагунис даде изјава по заедничката прес-конференција на Ципрас и италијанскиот премиер Матео Ренци, на која шефот на грчката Влада истакна дека ќе се бори со корупцијата која во Грција е многу проширена.

– Претставувајќи ја нашата земја во странство, Ципрас ја нарече Грција корумпирана земја, исто како Јоргос Папандреу, истакна Карагунис.

– Го повикуваме Ципрас и неговата коалициска Влада, во пресрет на претстојните преговори, барем да го следат патот на сериозност и одговорност за доброто на земјата, рече портпаролот на Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит