Најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија е подготвена за избори и е оптимист за резултатот, изјавија претставници на партијата по синоќешниот состанок на изборниот комитет.
– Партискиот апарат е подготвен. Ние на изборите ќе настапиме со мудрост, сталоженост и обединет политички дискурс, изјавија партиски извори.
Според истите извори, Нова демократија ќе претстави конкретен план за проблемите со кои се соочува Грција, и не само во областа на економијата, туку и за други прашања.