Доjде ли септември – сезонaта на зимниците, од Благоевград карван од автобуси тргнува кон Македонија. Најредовната дестинација е Делчево, кое е 37 километри оддалечено од Благоевград, пишува бугарскиот весник „Труд“.
Бугарите во Македонија купуваат пиперки и домати за лутеница и ајвар, зеленчук за туршија, шеќер и цигари поради пониската цена, кочански ориз заради квалитетот и сирење кое Бугарите ги „потсетувало на вкусот на детството“.
Но, многумина доаѓале и поради стоматолошки услуги, кои се поевтини од оние во Бугарија. Според „Труд“, расте и трговијата со лекови, најчесто со препарати за онколошки заболувања.