Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Од:

Албанија и понатаму со негативни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19. По вчерашните 120, денеска се потврдени 123 новозаразени, што е највисока бројка за едно деноноќие од почетокот на епидемијата во земјата на почетокот на март.

– Во последното деноноќие од направените 474 тестови, позитивен резултат е добиен кај 123 од нив. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 57, а за жал ја изгубија пет пациенти, на возраст од 47 до 72 години, тројца од Скадар и двајца од Тирана, информираа од Министертвото за здравство и социјална заштита.

Албанскатра метропола продолжува да биде главно жариште на болеста. Од последно потврдените нови случаи половина се токму од Тирана, каде се и половина од активните случаи или 1.285 лица.

Со последно потврдените случаи, вкупната бројка на заразени сега изнесува 5.519, од нив оздравеле 3.018, а починале 166 додека активни на болеста се 2.335. Во двете ковид болници се третираат 120 пациенти, од нив 24 се во тешка здравствена состојба.

Од Министерството информираат дека 28 летни здравствени центри, со лекар и медицинска сестра обучени и за Ковид-19, се на располагање на туристите, каде може да добијат информација или услуга во текот на 24 часа.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици