Незадоволни од социјално-економската ситуација во земјата, под мотото „Време е“, во главниот град на Црна Гора повторно протест.
На шестиот по ред протест, повторно ќе се упати барање до премиерот Игор Лукшиќ, да поднесе оставка. Според организаторите, владата на Црна Гора не ја работи својата работа, а премиерот не сака да се бори против корупцијата и организираниот криминал.
Лукшиќ ги одби сите барања од последниот протест, одржан на 24. мај, порачувајќи дека неговата влада во потполност е посветена на европската интеграција и економското закрепнување на земјата.
Тој додаде дека сите граѓани на Црна Гора ќе можат да ја оценат работата на актуелната власт на следните парламентарни избори.