Нов пожар во Грција: Избувна во шума, брзо се шири

Од:

На грчкиот остров Хиос, кој се наоѓа во Егејското Море во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област недалеку од селото Катавасис, северозападно од градот Хиос. Пожарот набрзо доби големи размери.

Околу еден час по полноќ, на жителите на селата Диејка и Катавасис им била испратена порака да се евакуираат во Волисос, јави грчката државна телевизија ЕПТ.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, од кои едниот се користи за координација на операциите за гаснење на пожарите.

На терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пожарникари пристигнаа со брод од островот Лезбос и 27 пожарникари кои пристигнаа со авион од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.

Според грчката телевизија, позитивно е тоа што престанал силниот ветер, што им ја олеснило работата на противпожарните единици.

Би можело да ве интересира

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“