Нов круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција во вторник

Од:

Новиот, 64-ти круг од прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција, ќе се одржи во вторник на 22 февруари 2022 година, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Прелиминарните контакти беа активирани лани по пауза од речиси пет години, а изминатата година се одржаа три круга, два во Турција и еден во Грција, а последниот беше на 6 октомври во Анкара.

Станува збор за неформални контакти, а не за преговори, нема обврзувања меѓу двете страни, нема договорен записник, не присуствува трета страна и нема информирање за содржината на разговорите, додека пак целта е доколку има поклопување на ставовите во иднина евентуално да се одржат преговори.

Независно од разговорите, в понеделник во Атина ќе пристигне заменик-министерот за надворешни работи на Турција Седат Онал, кој, како што соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, „во рамки на унапредувањето на дијалогот со Турција за прашањата поврзани со позитивната агенда во економскиот и трговскиот сектор“, ќе се сретне со заменик-шефот на грчката дипломатија Костас Франкојанис.

Ова ќе биде нивна трета средба во рамки на иницијативата за позитивната агенда, договорена меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Турција, Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу, во април 2021 година.

Минатата седмица, Атина упати демарш до Анкара за изјавите од турска страна поврзани со суверенитетот на грчките острови во Егејското Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот