Училишниот полицаец на основното училиште „Владислав Рибникар“ пронашол нож во ранецот на еден од учениците јавуваат српските медиуми. Според информациите во училиштето немало никакви инциденти.
Како што јавуваат репортерите од местото на настанот, пред училиштето се наоѓаат неколку полициски возила.
Пред училиштето има родители кои дошле да си ги земат децата.
Момчето кое имало нож било приведено во полициска станица од припадници на МУП.
Оваа информација за „Блиц“ ја потврдил еден од родителите на децата кои го посетуваат основното училиште „Владислав Рибникар“.
– Кај еден од учениците од училиштето, осмоодделенец, пронајден е нож, но немало никаков инцидент. На детето му го одзеле ножот, а на децата им било дозволено да си одат дома. Децата се доволно трауматизирани и тоа им е уште потешко. Како родители секако дека се грижиме, но мораме да се погрижиме училишната средина да биде безбедна за нашите деца – изјави за Блиц еден од родителите.