А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Регион

Нов инцидент меѓу Кавачкиот и Шкаљарскиот клан: Полицијата уапси двајца насилници

by А1он09/03/2025 - 16:2109/03/2025 - 16:24910
Share0

Андреј Мариќевиќ (33) и Марко Машановиќ (33) од Цетиње се уапсени под сомнение дека вчера во Цетиње претепале наводен член на Кавачкиот клан. Мариќевиќ и Машановиќ се оперативно интересни личности и наводно блиски до Шкаљарскиот криминален клан.

Добивај вести на вибер

Полициската управа соопшти дека цетинската полиција трага по уште три лица чиј идентитет е познат.

Во Управата на полицијата било пријавено дека на 8 март околу 15.30 часот во Цетиње настанала тепачка помеѓу повеќе лица, по што биле легитимирани пет лица, а две лица се приведени.

Оттаму додаваат дека постои сомневање дека во тепачката учествувале лица од оперативен интерес блиски на организирани криминални групи, при што едно лице се здобило со тешки повреди, односно скршеница на носот и нога.

– При спроведување на истражни и други мерки и дејствија од нивна надлежност, полициски службеници идентификувале и привеле двајца учесници во настанот: А.М.(33), лице од оперативен интерес и М.М.(33), член на организирана криминална група. За настанот бил известен дежурниот обвинител при Основното државно обвинителство Цетиње, кој по негова наредба со кривична пријава се лишени од слобода А.М и М.М., поради сомнение дека сториле кривично дело учество во тепачка – соопшти полицијата.

kavacki klanskaljarski klan

Би можело да ве интересира

Акција на црногорската полиција, претреси во објекти на Звицер, водачот на Кавачкиот клан

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:3524/07/2025 - 14:39

Пукање во Подгорица: Има мртви

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 15:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен