Бројот на илегални имигранти што загинаа при потонување на гумен чамец во Егејското Море во близина на островот Лезбос достигна 21 лица, откако грчката крајбрежна стража откри уште еден труп, соопшти грчката пристанишна полиција.
Трупот е отркиен на плажа на островот. Уште шест лица се водат за исчезнати.
Крајбрежната стража денеска ја обнови потрагата по исчезнати лица.
Вчера грчките власти открија тела на дваесет мажи на возраст меѓу 20 и 45 години.