Норвешките агенти ги насочиле прoектилите кон Цеца и Аркан

Од:

Жељко Ражњатовиќ Аркан и неговата сопруга Светлана – Цеца Ражњатовиќ „за влакно“ и избегале на смртта во белградскиот хотел „Југославија“ за време на НАТО бомбардирањето во 1999 година. Нивната позиција била откриена од тајниот норвешки агент Тронд Бол, но ракетата упатена директно во нив, по грешка завршила во близина на кинеската амбасада.

Во бомбардирањето на Југославија во 1999 година значајна улога во обезбедувањето на информации имала норвешката група на воени известувачи. Вкупно 140 оперативци биле дел од специјалната едниница „Е-14“ и ја опфаќале целата територија на поранешна Југославија. Тие активно биле ангажирани од граѓанската војна па се до бомбардирањето.

Главен во Србија бил маринецот Бол (42), кој функционирал под прекарот „поморски ловец“ и негова главна цел, меѓудругите, била ликвиација на Жељко Ражњатовиќ Аркан. Аркан бил и легитимна цел за време на бомбардирањето бидејќи против него имало обвинение за воени злосторства од Хашкиот трибунал.

Во книгата „Воениот херој од тајните на Норвешка“, двајцата норвешки новинари Ханс Петер Ос и Ролф Видеро ја цитираат изјавата на Боле и неговото сведочење за мисијата во Југославија.

Откако ги собрале информациите Тронд Бол и неговите колеги реферирале: „Опасната ѕверка Аркан заедно со неговата соруга се кријат во „Југославија“.

На 7. мај 1999 година, проектилите го погодија хотелот „Југославија“, но и Амбасадата на Кина во Белград, одалечена околу стотина метри од посакуваната цел.

Жељко и Цеца беа неповредени, а во кинеската амбасада загинаа тројца полицајци. „Поморскиот ловец“ по Југославија бил испратен на тајна мислија во Авганистан. Во 2010 година загинал при извршување на патролно обиколување. Во неговата земја е прогласен за воен херој со највисоки почести.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија