Нормализиран е сообраќајот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“

Од:

Сообраќајот на белградскиот аеродром од синоќа е нормализиран, официјално соопшти самиот аеродром „Никола Тесла“.

Управата на аеродромот им се извини на патниците за непријатностите, по вчерашниот тричасовен прекин.

Проблемот настанал, како што соопшти српското МВР, вчера околу 17 часот кога по грешка на аеродромскиот оператор, патниците кои пристигнале со авион од Скопје биле помешани со патници кои се упатиле кон различни светски дестинации.

Поради оваа причина, аеродромските служби побараа од полицијата привремено да ги прекине пасошките контроли додека транзитниот терминал не се испразни и повторно се проверат сите патници во него.

Верица Јечменица, помошник министер за градежништво, транспорт и инфраструктура изјави дека „аеродромскиот оператор сноси единствена одговорност за проблемите што се појавија“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он