Нинова: Нема да има веќе разговори со партијата Има таков народ

Од:

Лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова за БТВ изјави дека завршиле преговорите со партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова, преговори со нив повеќе нема да се водат.

Таа рече дека направиле многу компромиси и ги вложиле сите можни напори, се рефлектирало се што сакале од ИТН во основа за Бугарија, веќе нема враќање назад. „Ние водиме преговори за владата на Бугарија, а не курс за психотерапија“, рече Нинова.

Локалните медиуми јавуваат дека вонредниот коалициски совет на владејачката коалиција во Бугарија завршил без поголем напредок. Средбата заврши без изјави, што ги засилува очекувањата дека во среда ќе се види каква ќе биде одлуката на Бугарската социјалистичка партија откако партијата во понеделник и вторник ги одржа состаноците на своите раководни тела и го одржа финалниот состанок со коалиционите партнери од владејачката коалиција за тоа што да прави БСП го прави третиот последен мандат за формирање нова бугарска влада и надминување на политичката криза во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени