Нинова: Бугарската социјалистичка партија ги суспендира сите преговори со „Продолжуваме со промената“ поради протераните 70 руски дипломати

Од:

Лидерот на Бугарската социјалистичка партија и вицепремиер во оставка Корнелија Нинова на отворен брифинг во Народното собрание објави дека БСП ги прекина сите разговори со „Продолжуваме со промената“ за формирање нова влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, одлуката за протерување на 70 руски дипломати од Бугарија е без преседан во бугарската дипломатска историја, коментира Корнелија Нинова.

Според неа, ова е на работ на прекин на дипломатските односи и, според Корнелија Нинова, тоа е апсолутно неприфатлив чин. Таа најави дека ваквата одлука ја донел сам премиерот на Бугарија Кирил Петков. Таа ја повика потпретседателката Илијана Јотова да го докаже своето тврдење дека има одлука за протерување на руски дипломати од владата во Софија. Министрите од БСП во Владата не учествуваа во носењето на ваквата одлука, додаде Нинова. Бугарските социјалисти бараат затворена седница на Националното собрание и сослушување на првиот човек на Државната агенција за национална безбедност (САНС), за извештајот што тој го подготви и му го достави на премиерот во оставка Кирил Петков.

Корнелија Нинова го повика претседателот да свика итен состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, бидејќи неговата изјава е крајно загрижувачка што не знаел за таков извештај на САНС и претседателот не може да не знае дали има такви информации бидејќи тој го назначува директорот на оваа специјална служба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени