Нинова: БСП нема да поддржи мандат на ГЕРБ за состав на нова Влада во Бугарија

Од:

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по консултациите со бугарскиот претседател, Румен Радев, најави дека нејзината партија нема да го поддржи првиот мандат на ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија.

-Доколку ги покани „Промените продолжуваат“ ќе учествуваме во вториот обид за формирање бугарска Влада, изјави таа.

Бугарските социјалисти, според Нинова, нема да ги поддржат Движењето за права и слободи и „Преродба“ доколку тие го добијат третиот мандат за формирање влада.

БСП сметаат дека може да има редовна бугарска Влада, но дека вистинските преговори меѓу партиите ќе почнат по врачувањето на првиот мандат.

Нинова коментираше дека на денешниот разговор со претседателот, Радев и кажал дека преодната влада ќе размисли за зголемување на минималната плата на 850 лева (425 евра).

Според неа, ова е добар резултат од средбата. Доколку бугарските социјалисти го добијат третиот мандат, ќе вложат максимални напори да формираат редовна влада.

Нинова коментираше и дека БСП и претседателот на Бугарија се на исто мислење дека извозот на оружје во Украина е опасен за земјата и може да ја вклучи во конфликтот во Украина. По одлуката на 48. Народно собрание за испраќање оружје во Украина, БСП ја дефинираше коалицијата што ја донесе таквата одлука како „коалиција на војната“, а на оваа тема се обедини ГЕРБ, „Промените продолжуваат“, Движењето за права и слободи, „Бугарски подем“ и Демократска Бугарија.

Бугарскиот претседател не и кажал на Нинова кога има намера да го додели првиот мандат за формирање влада, но доколку не успее парламентарната процедура, не е исклучена можноста 48. Народно собрание да се распушти во јануари 2023 година и земјата повторно да тргне кон нови предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски