Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос утре ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц, јави дописникот на МИА од Атина.
Средбата е закажана во 12 часот и 30 минути по локално време во кабинетот на Аврамопулос. Засега не се предвидени официјални изјави по средбата на двајцата дипломати.
Со оглед на тоа што досега нема никакви други најави, се поизвесно е дека Нимиц во Атина нема да се сретне со други членови на државниот врв.
Личниот пратеник на генералниот секретар на ОН по Атина ќе отпатува во Скопје во рамките на процесот на преговори за решавање на прашањето за името што се одвива под покровителство на Обединетите Нации.