Никозија незадоволна од позицијата на ОН за турските геолошки истражувања кај Кипар

Од:

Властите во Никозија се назадоволни од одговорот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун до кипарскиот претседател Никос Ансатсцијадис во врска со геолошките истражувања на турски бродови во ексклузивната економска зона во близината на Кипар.

Како што објавија кипарските весници на грчки јазик, портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис изјави дека „по кој знае кој пат“ Бан се придржуваат до „тактиката на неутралност“.

– При кршењето на суверените права, Бан Ки-мун и Советот за безбедност на ОН треба да заземат јасна позиција, изјави Христодулидис.

Според него, еден од усовите за продолжување на преговорите за решавање на спорот околу поделниот остров, е Турција да прекине со нарушување на суверениетот на кипарската ексклузивна економска зона и да ги признае суверените права на Кипар.

По откривањето на природен гас во реонот на ексклузивна економска зона јужно од Кипар, Турција во неколку наврати испраќа свои бродови кои вршат истражувања на морското дно во потрага по гасни резерви.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ