Никозија не прифаќа останување на турски војници на Кипар

Од:

Властите во Никозија нема да се согласат на ниту едно решение за кипарскиот проблем, кое ќе предвидува останување на турски војници на териториајта Кипар, изјави деенска кипарскиот претседател Никос Анастасијадис на средба со американскиот државен секретар за европски и авроазиски прашања, Викторија Нуланд.

Средбата траеше час и половина подолго од планираното, по што Нуланд замина во северниот дел на островот на разговори со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.

Како што објави електронското издание на кипарскиот весник на грчки јазик „Политис“, не е исклучена можноста подоцна Нуланд повторно да се сретне со Анастасијадис.

Весникот коментира дека САД сакаат преговорите за решавање на кипарското прашање да се забрзаат и ако е можно да биде постигнат договор пред американските претседателски избори.

Анастасијадис изјави дека пред Нуланд поставил серија прашања од кои ќе зависи дијалог меѓу двете кипарски заедници.

Од своја страна, Нуланд не изнела никаков предлог за решавање на кипарското прашање.

За попладнево е предвидено и да се одржи средба меѓу Анастасијадис и Акинџи.

Во почетокот на месецов почна последната рунда на интензивни преговори за решавање на кипарското прашање.

Лидерите на двете заедници се договорија преговорите за решавање на несогласувањата да се одржуваат три или четири пати неделно.

Кипар е поделен од 1974 година, откако севернот дел беше окупиран од Турција како одговор на националистички државен удар во Никозија, чија цел беше присоединување на островот кон Грција.

Тоа предизвика вознемиреност кај турското малцинство во Кипар и воена интервенција на Турција, а подоцна во северниот дел на островот беше формирана Турската Република Северен Кипар, која е призната само од Анкара.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ