Никос Котзиас назначен за нов МНР на Грција

Од:

Попладнево е соопштен составот на новата грчка влада чии министри подоцна ќе положат заклетва, јави дописникот на МИА од Атина.

Економистот Јанис Драгасакис е назначен за заменик премиер кој ќе ја надгледува работата на сите министерства, а Габриел Сакеларидис ќе биде портпарол на владата.

Политичкиот економист Јанис Варуфакис ќе биде министер за финансии, лидерот на Независни Грци Панос Каменос за одбрана, а на чело на новото министерство за внатрешни работи и јавна администрација ќе биде Никос Вуцис.

Јоргос Статакис е задолжен за новото министерство за економија, инфраструктура, трговска морнарица и туризам, а новото министерство за реформи во производството, енергетика и животна средина оди во рацете на Панајотис Лафазанис.

Левичарскиот политиколог Никос Котзиас е назначен за министер за надворешни работи, Панајотис Курублис за здравство, Никос Параскевопулос за правда, а Аристидес Балтас за култура, образование и верски прашања. ј

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица