Николиќ нов претседател на Србија

Од:

„Постои Божја правда. Благодарение на граѓаните на Србија, победив на претседателските избори“, изјави пред малку Томислав Николиќ.

Ова, рече, не беше референдум за и против ЕУ, резултатот го одлучија внатрешните прблеми кои ги создадоа Тадиќ и ДС.

Србија, вети нема да сврти од патот кон ЕУ, но нема да го заборави ни својот народ во косово и Метохија.

Николиќ вети дека ќе биде претседател не само на своите сопартијци, туку на сите граѓани на Србија. И на тие што гласаа за Борис Тадиќ.

Новиот по претседател на Србија Томислав Николиќ во штабот на СНС се обрати по втор пат по разговорот со Тадиќ, за кој рече дека наликувал на нивните контакти во старите времиња.

„Му благодарам што го честиташе резултаот. Имав разговор и со Воислав Коштуница, и со многу пријатели и многу кои на овие избори се обидуваа да обезбедат победа за другата страна, но јас сите ги разбирам.  Во Србија не смее повеќе да има непријатели меѓу нас. Сакам нормална Србија“, рече Николиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања рече дека ќе има добри односи со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, а рече и дека нема ништо против добрите односи со Хрватска, но таа треба прво да го реши прашањето на Србите во таа земја.

„Јас немам предиспозиции да мразам Хрвати, само Хратска нека покаже дека го заслужи евроспкиот статус и дека сите граѓани се еднакви таму, тогаш ќе имаме шанса за соработка“, рече Николиќ.

„Јас го прифатив повикот на „Единстевна Русија“ на 25 ти да говорам на нивниот конгрес во Москва, со драга воља ќе одам зашто таа соработка што ја остваривме со „Единствена Русија“ може многу да и помогне на Србија“, рече Николиќ.

„Црна Гора е држава со која Србија има полоши односи отколку со Хрватска што мене не ми е нормално зашто таму живеат многу Срби, и ќе работам на тоа во иднина“, рече Николиќ.

Би можело да ве интересира

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот

(ВИДЕО) Голем протест во Белград: Црвен картон за власта и барање да се повторат изборите

Прегласување на 35 избирачки места во Србија, бојкот на коалицијата „Србија против насилството“

Захарова: Западот се обидува да ја дестабилизира Србија