Николиќ во септември повторно кај Путин

Од:

Претседателите на Русија и Србија на 11 септември ќе се сретнат во Сочи, а ќе разговараат за претходно подготвениот документ за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Средбата ќе се случи во летната резиденција на Путин во Сочи, а договорен е и терминот и деталите за состанокот на највисоко државно ниво.

Ова е втора посета на Николиќ на Русија за само неколку месеци, бидејќи само неколку дена по победата на претседателските избори замина за Москва. Во Русија е и потпретседателот на владата Александар Вучиќ кој договара соработка во областа на воената индустрија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието