Николиќ: Србија отворена за компромисни решенија за Косово

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија е подготвена за компромис во наоѓање решение во дијалогот со Приштина.

Според Николиќ, Србија покажала конструктивен пристап и добра волја во дијалогот меѓу Белград и Приштина, иако ова нема соодветен одговор од другата страна.

„Србија останува отворена за разговори за сите прашања и е подготвена за компромисни решенија“, рече Николиќ на отворање на Самитот на процесот за соработка во Југоисточна Европа, кој се оджува во Белград.

Според претседателот на Србија, Косово е многу чувствителна тема за Србија, но се бара да прагматичен и флексибилен начин да се обезбеди подобар живот за обичните луѓе коинживеат во покраината.

„Досега, сочувувањето на мирот и стабилноста првенствено се должи на конструктивниот став на Србија. Принципиелната позиција на Србија за иднината на Косово останува непроменета. Ние никогаш нема да го признаеме едностраното прогласување на независноста. Ова е уставeн императив и наша морална и демократска должност“, рече Николиќ.

Николиќ рече дека Србија ќе остане да чекори по патот кон европската интеграција.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје