Николиќ: Со Хрватите не оди добро

Од:

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека имал големи планови за конечно воспоставување добри односи со Хрватска и БиХ.

„Со Хрватска не оди добро. Претседателот на Хрватска се до оваа пресуда за Готовина и Маркач, бараше причина зошто да не ги подобри односите. Сите приказни дека е лут, затоа што јас сум рекол нешто за Вуковар се лага. Тој ја чекаше оваа пресуда. Тој сега би сакал да разговараме. Јас како претседател на народ кој чинел злосторства, а тој како претседател на народ кој за ништо не е осуден“, изјави Николиќ.

Српскиот претседател рече дека Хрватите многу добро знаат дека во операцијата „Бура“ биле направени страшни злосторства, но сега слават бидејќи никој не е казнет за тие злосторства.

Тој додаде дека мора да се изнајде начин за унапредување на економските односи со Хрватска, ама е очигледно дека со држава која слави злосторства не може искрено и срдечно да се соработува.

„Очигледно е дека со државата која го слави злосторството не можете искрено, отворено и срдечно да соработувате. Не може! Не оди! Во чие име? Во името на жртвите, во името на нивните деца“, рече Николиќ.

На констатацијата дека повторно ќе биде обвинет пореди острите зборови, Николиќ одговори:

„Нека ме обвинат. Секогаш ќе бидам обвинуван за своите остри зборови, а Хрватите за своите злосторства ќе поминат неказнето“.

„Ние да прославевеме вакво нешто, како што тоа го направи Хрватска, никогаш во историјата не би заслужиле да бидеме членки на ЕУ“, додаде Николиќ.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ