Николиќ: Само Русија навистина се бори со тероризмот во Сирија

Од:

Само воената операција на Русија навистина дава отпор на тероризмот во Сирија, изјави денеска српскиот претседател Томислав Николиќ во интервјуто за телевизијата „Раша тудеј“.

– Со целосна почит кон сите меѓународни страни, јас сметам дека руската воена кампања во Сирија е единствена кампања, која се бори против тероризмот, истакна Николиќ.

Како што вели српскиот претседател, дејствијата на Русија во Сирија треба да станат пример за другите земји, бидејќи тероризмот е закана за сите.

– Случувањата во Сирија немаат врска со тоа дали сириската Влада ќе остане на власт. Русија не зема учество во војната на сириската Влада со опозицијата, таа војува против тероризмот заедно со Владата на Сирија, нагласи Николиќ.

Тој потенцира дека светот е на праг на нова Студена војна и затоа сите дејствија на Русија во одбрана или економиката се подложни на критики.

Би можело да ве интересира

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи