Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска од Бања Лука изјави дека е расположен за разговори со Иво Јосиповиќ, Бакир Изтебеговиќ и Атафете Јахјага, но дека не може да оди од врата до врата, бидејќи тоа не е пракса никаде во светот.
На заеедничка прес конференција со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, Николиќ исткна дека е подготвен и за соработка со властите во Сараево и со политичките претставници на Бошњаците, но дека за тоа е потребна двострана волја.
На прашање на новинарите зошто се одлучил да ја посети Бања Лука пред да го посети Сараево, Николиќ истакна дека тој својата популарност во Србија не треба да ја постигнува со тоа што ќе предизвика нетрпеливост кон некоја друга држава.
Николиќ за членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изтебеговиќ истакна дека нема причина за него да зборува или мисли лошо, бидејќи соработката на Србија со РС се одвива во целосна согласност со Спогодбата за специјални паралелни врски, што произлезе од Дејтонскиот договор, на кој Србија му е гарантот.
-Никогаш ништо лошо не сум кажал ниту за БиХ , ниту за Изетбеговиќ, бидејќи оној кого народот го избере заслужува да го предводи тој народ, рече Николиќ.