Николиќ поднесе оставка во СНС и заплака

Од:

Новоизбраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, со солзи ја напушти претседателската функција на Српската напредна партија, затоа што, како што рече  „сака да биде претседател на сите граѓани“.

Истовремено, на својата партија и ја остави отворена можноста за формирање на новата српска влада.

Според него, партиите мора да побрзаат со формирање на новата Влада, а Борис Тадиќ го повика што поскоро да каже дали планира да биде премиер.

Николиќ ги отфрла и обвинувањата на социјалистот Дачиќ, дека западните сили лобираат новата српска влада да биде формирана од неговата матична партија и Демократската партија на Тадиќ.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: СНС освои мнозинство во Белград, неизвесен терминот за нова влада

Во Србија денеска повторно се гласа на 93 избирачки места

Брнабиќ е за нови избори во Белград, а не e ни против нови парламентарни избори

Вучиќ победник во првиот круг на претседателските избори во Србија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Првични резултати од изборите во Србија: Вучиќ убедливо води

Катерина Ѓуровски

Србија гласаше, се чекаат резултатите

Катерина Ѓуровски