Николиќ: Никој не смее да биде казнет поради јавно изреченото мислење

Од:

Новинарот од Суботица Ласло Шаш разговараше со претседателот на Србија, Томислав Николиќ кој го помилува пред некој ден. „Во Србија луѓето повеќе нема да бидат казнувани на суд поради јавно изреченото мислење“, рече Николиќ.

Новинарот Шаш кажа дека правдата е задоволена но и дека е разочаран од фактот дека немал правна помош од никого.
Новинарот кажа дека после смртта на неговиот адвокат морал да се брани сам, со оглед дека живее со скромен хонорар и поради тоа што не ги познавал правните процедури бил осуден само еден ден пред застарување на предметот.
Шаш издржа казна од 150 дена затвор поради навреда на ултрадесничарскиот унгарски екстремист Ласло Тороцкај, лидер на движењето „64 жупании“.

Судот му наложи парична казна од 150.000 динари, а бидејќи немаше пари да ја плати казната Шаш се пријавил на издржување на казната затвор.

Претседателот Николиќ по стапувањето на претседателската функција го помилува новинарот и вети дека такво нешто повеќе не смее да се случи.

Би можело да ве интересира

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието

ВИДЕО: Студентите брутално претепаа човек во Нови Сад

Предраг Петровиќ