Претседателот на Србија, Томислав Николиќ во интервју за британски „Гардијан“, вели дека Србите не Косово живеат во постојана опасност дека над нив ќе биде извршен геноцид.
Тој вели дека обидот на Приштина да им наметне власт на Србите може да доведе до нивен егзодус. Според Николиќ постои таква опасност Приштина да се обиде да ја наметне својата власт на Србите. Единствено присуството на НАТО силите во тој регион ја спречуваат Приштина да се обиде да ја наметне својата власт над Србите, вели Николиќ.
„Што ако Србите се иселат. Кој ќе го прифати овој геноцид? Тоа е една од дефинициите за геноцид, кога ќе истерате 40.000 луѓе, и кога ќе го измените етничкиот состав на една територија“, вели Николиќ.
Николиќ, кој е во Лондон, каде се одржуваат ЛОИ, вели дека постои опасност Приштина да е подготвена да оди толку далеку.