„Ако Парадата на гордоста не беше забранета, јас ќе бев на чело на колоната, но Владата на Србија процени дека одржувањето на манифестацијата ќе беше сериозен ризик за Белград“, изјави претседателот на Србија, Томислав Николиќ во емисија на телевизијата Б92.
„Оваа влада е се уште кршлива и тенка, не влезе во сите структури, не знае кој владее со полицијата, кој со обвинителството и немаше време да ги најде тие кои би демонстрирале сила, за да ги изолира и преку законот да ги доведе во ред“, објасни Николиќ.
Тој нагласи дека на владата и треба време и вети дека веќе идната година нема да има оправдувања.
„Сметам дека идната година нема да има оправдување ако некој рече дека не може да се спречи нешто лошо да се случи“.
Како што изјави, одлуката Парадата да се забрани е мотивирана од безбедноста и тој би се спротивставил ако некој сакал да ја забрани Парадата со цел да ја дискриминира ЛГБТ популацијата.
„Мојот став нема никогаш да се промени, тоа се луѓе кои се однесуваат поинаку од мене, но тоа не е причина да бидат дискриминирани, но ни причина да ги фалам премногу. Треба да им биде овозможено да покажат што сакаат“, додаде Николиќ.