Претседателот на Србија, Томислав Николиќ при посетата на Истамбул, изјави дека Балканот без Србија не постои, но Србија не може да направи се што е потребно, без помош од Турција.
-Вековите се зад нас, навистина по лошото, но доколку го собереме времето од 1389 година до крајот на војната, сега толку треба да поминеме во развојот на пријателство-изјави Николиќ во Турција.
Тој наведе дека Србија и Турција имаат многу заеднички нешта – народ, обичај, традиција, јазик и прекрасни работни односи –пренесува белградската „Б92“.
-Турска има речиси се, нешто е од Господ, нешто сами изградивте. Ние имаме многу нешта, но нам ни е потребна помош за да го изградиме тоа. Не ни е потребна помош која нема да ја вратиме. Вие вложете, ние ќе вработиме, а вие ќе го собирате профитот- рече Николиќ.
Николиќ ги повика и прватните компании да го искористат Договорот за слободна трговија помеѓу Србија и Русија, кој ќе им овозможи голем извоз во двете држави.
-Нашиот пат е во ЕУ, но мораме да живееме додека не дојде до тоа, исто како што тоа го прави и Турција – додаде тој.
За време на посетата во Истамбул српскиот претседател разговараше и со патријархот Вартоломеј, но и ја посети некогашната црква, сега џамија Аја Софија.