Николиќ: Европскиот пат е пат кон иднината

Од:

Претседателот на Србија Томислав Николиќ на инаугурацијата порача дека европскиот пат на Србија е пат кон иднината и економски просперитет.

Николиќ напомена дека ќе го штити уставот на Србија и дека ќе го чува и почитува територијалниот интегритет на државата но и дека ќе се обиде да ги обедини сите политички сили во земјата за да се спроведува единствена политика кон Косово.

Тој се заложи за менување на работите во Србија и за економски напредок.

„Секој разговор со секој функционер во Светот ќе го почнам со молба да дојдат и да инвестираат во Србија. Ќе почнеме со реформите од себе, ќе мора да се работи и да се штеди. Трошоците на мојот кабинет ќе бидат смалени и на сите институции“, рече Николиќ.

Пред Николиќ се обрати евроамбасадорот Штефан Фуле кој кажа дека нема скриени барања од страна на ЕУ кон Србија

„Пред Србија стои сериозна работа пред да се отворат преговорите со ЕУ. Во октомври ќе го разгледаме напредокот, нема скриени барања од страна на ЕУ“, рече Штефан Фуле на инуагарација на Николиќ.

Би можело да ве интересира

Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

ВИДЕО: Вучиќ објави снимка од победничката прослава

Катерина Ѓуровски

СНС прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата тврди дека Ниш и Чачак се „слободни градови“

Катерина Ѓуровски

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот