Николиќ апелираше за итно формирање влада

Од:

Новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ апелираше до политичките партии да се договорат и да се формира влада во најкус период.

„Србија има потреба да добие нова влада што е можно побрзо“, изјави Николиќ.

Српската напредна партија ќе го добие мандатот за формирање на коалициона влада ако нема парламентарно мнозинство, истакна Николиќ.

Тој се сретнал со својот противник на изборите за претседател, Борис Тадиќ и побарал од него што побрзо да ја реши дилемата дали ќе да биде премиер на Србија.

Доколку не, Николиќ ќе го даде мандатот на оној кој ќе обезбеди мнозинство од 126 пратеници од вкупно 260 места во Парламентот.

 

Би можело да ве интересира

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот

(ВИДЕО) Голем протест во Белград: Црвен картон за власта и барање да се повторат изборите

Прегласување на 35 избирачки места во Србија, бојкот на коалицијата „Србија против насилството“

Захарова: Западот се обидува да ја дестабилизира Србија