Никола Минчев се заблагодари за поддршката од народот присутен на митингот за негова поддршка

Од:

Пред насобраната толпа пред Народното собрание во Бугарија се обрати разрешениот претседател на бугарскиот парламент Никола Минчев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Минчев им се заблагодари на насобраните за поддршката што ја покажаа вечерва.

Меѓу демонстрантите против новото мнозинство во парламентот ГЕРБ-СДС, Движењето за права и слободи, Преродба и Има такви луѓе беа премиерот Кирил Петков и вицепремиерите Асен Василев и Корнелија Нинова, како и владини министри и претставници на трите владејачките партии.

Кирил Петков рече дека промената не може да се запре и дека неговата влада нема да склучува договори со Дељан Пеевски (најбогатиот бугарски бизнисмен). Борбата за зачувување на Бугарија како европска земја продолжува и никој нема да ја троши оваа јавна енергија на која сме сведоци, рече бугарскиот премиер. Протестите ги уриваат владите, но Бугарија покажа дека протестите можат да ја задржат владата во земјата. Илјадници демонстранти, заедно со нивните семејства и деца, носејќи знамиња на ЕУ и Бугарија, се собраа пред Националното собрание. Тие носеа плакати „Не за мафијата“, „Бугарија е ЕУ“ и ја демонстрираа својата поддршка за соборениот претседател на 47. Народно собрание на Бугарија и за политиката на бугарската влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?