Нигериски студенти протерани од Хрватска пристигнаа во БиХ

Од:

Нигерски студенти кои, како што тврдат, хрватски полицајци ги протерале од Хрватска во Босна и Херцеговина, денеска пристигнаа во Теренскиот центар на Службата за работни услуги со странци во Бихаќ.

Сараевската Н1 ТВ јави дека тие дошле за да дадат основни податоци.

Хрватската полиција негираше дека двајца нигериски студенти се протерани од земјата, а тие тврдат дека полицијата ги уапсила во Загреб и однела во непознат правец, по што пристигнале во Велика Кладуша.

Нигериските студенти во Пула учествувале на меѓународен спортски натпревар од каде допатуле во Загреб и со авион преку Истанбул требало да се вратат во Лагос.

Според нив, хрватската полиција ги уапсила во Загреб и ги протерала во БиХ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра