Доколку новите власти во Босна и Херцеговина, по нивното конституирање, бидат подготвени за спроведување на реформите, меѓународната заедница пред завршувањето на овој четиригодишен мандат ќе донесе одлука за затворање на Канцеларијата на високиот претстваник (ОХР) во БиХ, дознаваат „Независне новине“’.
При таквиот развој на настаните, можно е ОХР по следните локални избори да го замрзне својот мандат, а високиот претставник Валентин Инцко да ја напушти БиХ по следните општи избори.
Аналитичарите сметаат дека четири години и еден изборен процес за локални избори се доволно време во практика да се покаже дали одлуките што домашните политички актери ќе ги донесат во овој мандат ќе дадат конкретни реформски чекори.
Како што дознава бањалучкиот дневен весник, во овој момент воопшто не се размислува за затворање на ОХР бидејќи тоа стана политичко прашање меѓу земјите што го сочинуваат Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот.
Меѓутоа, доколку властите во БиХ со практични чекори покажат дека излегуваат од фазата на конфликт во фазата на соработка, дури и најжестоките противници на затворањето на ОХР (САД и Русија) ќе останат без аргуменатот за неговото натамошно останување.
Засега има цврста определба на меѓународната заедница ОХР веќе да не носи никакви одлуки, ниту директно да учествува во политичките процеси, со што на новите власти ќе им се даде шанса со практични чекори да ги докажат сопствеништото и иницијативниоста врз реформите.