Невработеноста меѓу лекарите во Атина достигна 37,5 проценти

Од:

Секој трет лекар во главниот град на Грција е невработен или нема целосно работно време, покажува официјалната статистика на сојузот на лекари во Атина, пренесува reporter.gr.

Од податоците се гледа дека 37,5 отсто од лекарите во Атина се невработени или немаат целосно работно време. Само во последните пет години невработеноста меѓу лекарите е двојно зголемена.

Во 2007 година бројот на невработени лекари во Атина бил 592, додека во 2012 година нивниот број достигнал 1.191, додека бројот на лекари што заминале во странство е зголемен за пет пати.

Бројот на лекари специјалисти, кои заминале во странство во 2007 година изнесувал 292, а во 2012 годиан нивниот број е зголемен на 1.166 лекари.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица