Невидени безбедносни мерки: Убиецот од Врачар е најчуваната личност во Србија

Од:

Момчето-убиец (14) кое уби девет врсници и чувар e во психијатриската установа каде што престојува и е под надзор 24 часа. Како што дознава српски Курир, ученикот кој го изврши грозоморниот масакр нема информации од надворешниот свет и е во комуникација само со неколку експерти, психолози и психијатри, како и со припадници на полицијата кои се задолжени да го следат дење и ноќе.

-Од првиот ден кога беше сместен на клиниката е во некаква строга изолација, практично останува во притворски услови иако се работи за болница. Нема контакт со другите деца кои се сместени таму, ниту пак може доброволно да ја напушти просторијата која не е на влезот, туку длабоко во детската зграда – опишува соговорникот на Курир.

Собата на момчето убиец, додава тој, нема телевизор, ниту компјутер, а на располагање има и бања.

– Од првиот момент кога беше сместен во психијатриска установа за деца, полицајците го набљудуваат. Деноноќно се распоредени во болницата, но и пред влезот на самата клиника. Се грижат никој да не му пријде на овој пациент, па се воведува строга контрола на оние кои влегуваат – открива нашата соговорничка.

Како што вели, строго била контролирана и првата средба на момчето на убиецот со мајка му на 18 јули, пред неговото сослушување со видео врска како сведок во истрагата против неговиот татко.

– Никој не може ненајавено да влезе во клиниката, ниту да прима посетители. Дури и стручниот штаб кој беше назначен да разговара со него доби строго предупредување за тоа што не смеат да му кажат и дека разговорите што ги водат со него се строга тајна – објаснува тој.

Лични работи, додава тој, му ги носи роднина, која не може да го види.

Би можело да ве интересира

Крунски доказ против мајката на осомничениот за масакрот во „Рибникар“

Горан Наумовски

Потврдено е обвинението против родителите на момчето кое го изврши масакрот во Врачар

Продолжен е притворот на таткото на момчето кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“

Сведок на масакрот во белградското училиште: Се слушнаa 15 истрели, па молк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвиненија против родителите на момчето убиец: Се бараат казни од 12 и од две и пол години

Катерина Ѓуровски

Блокада на истрагата за масакрот во „Рибникар“: Таткото на убиецот наскоро би можел да биде на слобода