Несуден шверцер во чорапи сокрил 59.000 евра

Од:

Царинските службеници денеска на граничниот премин Прешево во соработка со полицијата спречија обид за шверц на 59.000 евра кои патник ги сокрил во чорапите.

Прекршокот бил откриен кога на редот за контрола на излез од државата пристигнал 55-годишен маж, кој патувал сам од Германија за Грција со „БМВ“ со странска регистрација, кој на цариниците им рекол дека нема ништо да пријави за царинење.

При увидот, на задното седиште од автомобилот била пронајдена торба со лични предмети, меѓу кои и неколку чорапи полни со девизи.

Дел од парите биле сокриени и во џебот на фармерките, кои исто така биле спакувани во торба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

ВИДЕО: Колони и гужви на Табановце-Прешево, се чека и на Богородица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огромни колони на Прешево-Табановце, се чека и на Богородица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се чека во колони за влез преку Прешево и за излез преку Богородица

Државјанин на Србија во чанта криел 170.000 евра

На граничниот премин Прешево-Табановце фатени македонски шверцери со скапи часовници