Немири во Атина на годишнината од убиениот студент

Од:

Атинското бутновно маало Ексархија вечерва гореше сред протестот за одбележување на шест-годишнината од смртта на младиот Алексис Григоропулос.

Демонстрантите започнаа борба со молотови коктели и камења по полицијата, а населбата тоне во солзавец со кој полицијата се обидува да ги разбрка демонстрантите. Инцидентите се случуваа покрај Политехничкиот факултет, бастионот на отпорот, само неколку улици подолу од местото каде во 2008 година Алексис загина од полициски куршум. Судирите во моментов се смирени, но протестот и натаму продолжува, пренесе Мета.

Покрај звукот на молотовите коктели и шок бомбите низ улиците на Ексархија се слушаа гневните пароли на демонстрантите против полицијата. „Убијци, свињи“ и „Овие денови се посветени на Алексис“ ечат низ целата населба во знак на гнев кон полициските припадници.

Атина е преплавена кои се движат кон Ексархија со цел да одговорат на инцидентите. Распоредени се и водени топови низ населбата.

Масовниот протест за одбележување на годишнината од смртта на Алексис, инцидент кој доведе до пад на владата на Костас Караманлис во 2009 година, започна мирно во раните вечерни часови. При движењето на поворката имаше мали инциденти, дел од демонстрантите кршеа излози од продавници, семафори и се палеа улични корпи за отпадоци. Пред почетокот на судирите со полицијата имаше над 20 приведени демонстранти, а според слободна проценка масовната поворка имаше околу 7.000 – 8.000 демонстранти.

Во текот на денот инциденти и судири на полицијата со демонстрантите со молотови и солзавец имаше низ Солун, Патра и други грчки градови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит