До март нема опасност од прекин на државните плаќања на Кипар, изјави министерот за финансии Васос Сиарлис во интервју за државната телевизија РИК.
Сиарлис истакна дека финансиските потреби на државата можат успешно да бидат покриени.
Според него, големиот проблем, пред кој е исправена Никозија, е сумата за рекапитализација на банкарскиот сектор. Тоа прашање ќе биде разгледано на состанокот на Еврогрупата на 21 јануари.
Поранешниот претседател на Еврогрупата Жан Клод-Јункер и Јорг Асмусен од Европската централна банка веќе изјавија дека нема веројатност за намалување на државниот долг на Кипар преку кастрење на обврзниците, сопственост на приватни инвеститори.