Грчката полиција по спроведената истрага не пронашла докази за тврдењата на поранешниот грчки министер за финансии дека бил изврешен хакерси упад во системот на Даночната управа на Грција, јави агенцијата АНА.
Варуфакис неодмна изјави дека во рамките на неговиот „план Б“ во случај за излез на Грција од еврозоната, наредил да бидат извршен хакерски упад за презамње на податоците за грчките даночни обврзници од електронскиот систем на Управата.
Меѓутоа, полициски извор тврди дека по извршените анализи на четири хард диска од Даночната управа, не се откриени никакви докази за упад во нејзината база на податоци.
Во тек е истрага против неколкумина вработени во грчкото Минисетсртво за фиинансии, за кои се претпоставува дека би можеле да бидат поврзани со упадот за кој говори Варуфакис.
Варувафкис кон крајот на јули изјави дека наредил да биде изработен паралелен систем, кој во случај на излез на Грција од еврозоната, би можел да се конвертира во работа со „новата драхма“. Тој тврди дека на негово барање „мала група“ вработени во Министерството извршиле хакерски упад во базата на податоци на Даночната управа и презеле информации за даночните обврзници.