Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Од:

Еден мигрант загина, а неколкумина се уапсени од српската полиција во близина на српско-хрватската граница, извести вечерва српското МВР.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Управата за гранична полиција спроведоа засилена контрола на движењето на мигрантите на подрачјето помеѓу Шид и границата со Република Хрватска, извести српското МВР.

– Во споменатата операција, при пребарување на подрачјето е откриен импровизиран камп каде што престојувале нерегуларни мигранти. За време на преземените мерки и дејствија, нерегуларните мигранти пукале кон полицијата. Еден нелегален мигрант е убиен, додека четири лица се приведени на местото на настанот, а неколку лица избегаа и се трага по нив, велат од полицијата.

Во тек е истрага на лице место, а на терен се припадници на Полициската управа Сремска Митровица и надлежниот обвинител на Вишото јавно обвинителство, кои ја водат истрагата и ги утврдуваат сите околности на овој настан.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он