Нехамер: Нема да ставиме вето на влезот на Хрватска во Шенген

Од:

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска, ден пред неговата посета на Загреб, изјави дека неговата земја нема да стави вето на пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната.

„Едвај чувствуваме мигрантски притисок од Хрватска кон север. Бидејќи Хрватска ги исполнува условите за заштита на границите на примерен начин, не гледам проблем таму. За земјите се гласа поединечно“, рече Нехамер, пишува „Клајн Цајтунг“.

Нехамер утре ќе се сретне со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и со претседателот Зоран Милановиќ. Се претпоставува дека ќе разговараат за енергетските прашања и за проширувањето на Шенген зоната.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер претходно се спротивстави на проширувањето на Шенген зоната во Хрватска, Бугарија и Романија.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби