„Не се гаѓани цивили во Сараево“

Од:

Сведокот на одбраната Момир Гариќ, на судењето на Радован Караџиќ, изјави дека силите на босанските Срби во 1992-та година не гаѓале цивили во Сараево.

Тој додава дека српските сили не тероризирале цивили со снајпери и артилерија, како што тврдат обвинителите, туку само го бранеле српското население во Сараево.

Освен за геноцидот во Сребрениза, тогашниот претседател на Република Српска и врховен командант на војската се терети и за тероризирање на цивили во Сараево од 1992-1995-та година.

Гариќ, кој тогаш бил офицер во резерва, сведочел дека стратегијата и целта на војската на Република Српска била да не дозоли Армијата на БиХ да се пробие низ Сараево и да помине во областа каде што живееле Срби. Сведокот тврдел дека Војската на Република Српска го почитувала меѓународното воено право.

Според Гариќ, за почетокот на војната на 6-ти април 1992 се виновни муслиманските власти кои закажале голем митинг во центарот на Сараево, за „муслиманските снајперисти да пукаат на груите луѓе и да ги обвинат Србите“.

Сведокот остана при исказот дека „самото население во Сараево никогаш не е гаѓано“, туку „стотини воени цели“, и по сослушувањето на прислушкуваниот разговор од мај 1992 година, во кој извесен Момо Гариќ вели дека сараевската населба Храсница е скоро срамнета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски