Не е одобрена Википедија на црногорски јазик

Од:

Википедија на црногорски јазик засега не може да биде одобрена бидејќи јазичкиот комитет на Википедија (LangCom) дал негативно мислење и сметаат дека црногорскиот јазик, како српскиот,. хрватскиот и бошњачкиот, е гранка на српско-хрватскиот јазик. Таму оценуваат дека постоечките Википедии на тие три јазици се разбирливи за сите четири народи, јави РТЦГ.

Таа информација ја нагласи во интерју за Побједа, публицистот Слободан Јовановиќ кој е дел од тричлен тим задолжен за воспоставување Википедија на црногорски казик.

– Тоа го доживуваме како дискриминација, наведе Јовановиќ.

Црногорскиот тим директно со поддршка од институции во државата ќе се обрати до основачот на Википедија со „многу силна аргументација“.Јовановиќ додава дека иако Википедија спаѓа во институција што е слободна и не е поврзана со државни институции, сметаат дека е многу важно да државата Црна Гора биде вклучена во тој процес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски