НАТО се сомнева дека од 25 до 50 црногорски агенти работат за Русија

Од:

Влезот на Црна Гора во НАТО се одлага поради сомневање дека во црногорските разузнавачки служби работат руски шпиони, објави „Вијести“ повикувајќи се на американски медиуми.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен нагласи дека министрите за надворешни работи на земјите-членки до крајот на 2015 година ќе одлучат дали е време Црна Гора да им се придружи. Она за што не се зборува јавно, е причината за одлагањето, а тоа е наводно руско уфрлување во црногорските разузнавачки служби.

– Тоа е камен на сопнување, изјави официјално лице од НАТО за американски медиуми, и побарал анонимност.

Тој проценува дека од 25 до 50 агенти има во црногорските разузнавачки служби кои се поврзани со Русија.

– Веќе се покренати мерки за неутрализирање на нивните активности, но тоа бара време за да биде успешна операција, додава официјалниот претставник, пренесоа „Вијести.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година