НАТО не планира да преземе мерки како одговор на нападите во Турција

Од:

НАТО не планира да преземе соодветни мерки согласно принципот на колективна одбрана како одговор на експлозиите во турскиот град Рејханли, но ги очекува од Анкара официјалните информации за нападите, во кои загинаа 46 лица, изјави дипломатски извор од Брисел.

– За да бидат разгледани заедничките соодветни мерки, треба да биде свикано заседание на Северноатланскиот совет по иницијатива на Турција. Најава за таква средба нема, истакна дипломатот, јави БТА.

Тој додаде дека партнерите на Турција од Алијансата „целосно ја поддржуваат земјата и се подготвени да сторат се што е во нивна моќ за да ја гарантираат нејзината безбедност, доколку тоа е потребно“.

Дипломатот истакна дека земјите од НАТО очекуваат Турција што е можно побрзо да достави официјална информација за нападите и за резултатите од истрагата.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ги суди синоќа нападите во Рејханли, во близина со сириската граница и им изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Тој изјави дека Алијансата е целосно солидарна со народот и Владата на еден од нејзините сојузници – Турција.

– Турција го задржува своето право да преземе секаков вид мерки поради нападите, во кои над 40 лица беа убиени во јужниот град Рејханли на границата со Сирија, изјави во Берлин турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Тој истакна дека ова прашање ќе го разгледа со премиерот Реџеп Таип Ердоган и додаде дека смета оти нема потреба од вонреден состанок на НАТО по нападите.

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер, пак, изјави дека одговорните за нападите во јужниот турски град Рејханли на границата со Сирија се поврзани со организации, поддржани од режимот во Дамаск,

Тој истакна дека лицата и организацијата, кои ги извршиле нападите се идентификувани.

– Утврдено е дека тие се поврзани со организации, поддржани од сирискиот режим и од неговите разузнавачки служби, рече Ѓулер.

Министерот за информации на Сирија Омран Ахед ал Зубина ги демантира тврдењата на турските власти дека Сирија стои зад двете експлозии во Рејханли. Ал Зубина на прес-конференција денеска изјави дека „никој нема право да упатува такви неточни обвиненија“.

Турција минатата есен побара помош од НАТО за гарантирање на воздушната безбедност на нејзината територија од напади од страна на Сирија. Во јануари на нејзината граница со Сирија беа распоредени шест ракетни системи Патриот за заштита од можни ракетни напади од страна на Дамаск.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море