Наташа Пирц Мусар и Тања Фајон не се добредојдени во Република Српска

Од:

Република Српска и возврати на Словенија за воведувањето санкции врз српскиот лидер Милорад Додик, па им забрани на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и министерката за надворешни работи Тања Фајон влез во РС.

Владата на Република Српска оцени дека забраната за влез на Додик во Словенија е воведена без јасна правна основа и дека тоа претставува директно мешање во внатрешните работи на БиХ и кршење на меѓународните конвенции.

Како одговор на овие мерки, беше одлучено да им се забрани на највисоките политички функционери на Словенија влез на територијата на тој босанско-херцеговачки ентитет. Станува збор за Пирц Мусар и Фајон.

Би можело да ве интересира

Додик: Добивме ветувачка стратегија од Америка

Минималната плата во Република Српска во 2026 година ќе биде од 500 до 725 евра

Додик: Договорот е основа на сè

Додик: БиХ нема да стане членка на НАТО

А1он

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

Каран го победи Блануша со разлика од два отсто

Горан Наумовски