Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Од:

Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за посебно јавно признание кое и се доделува на наставничката по историја од ОУ „Владислав Рибникар“.

Наградата и се доделува на Татјана Стевановиќ, како израз на поддршка и почит за нејзината лична храброст кога беше повредена додека предаваше во масовното пукање на 3 мај 2023 година.

Јавното признание е во вид на доживотен месечен паричен приход, а иницијативата ја покренаа група наставници и ученици од ОУ „Владислав Рибникар“, кои собраа 13.000 потписи од граѓаните.

Од Владата изјавија дека масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ е случај кој продолжува да ја тресе јавноста, дека бара реакција од државата во повеќе правци, дека прифаќањето на поднесената иницијатива е начин за олеснување на материјалната состојба на ранетата учителка откако е тешко ранета и со последици кои ќе ги трпи до крајот на животот, но и можност преку оваа мерка да се покаже солидарност и емпатија, се вели во соопштението на Владата на Србија.

Идејата дека ранетата професорка по историја треба да добие некаков паричен надоместок, како додаток на месечните примања, кои би биле постојани, до крајот на животот, кој не е пренослив, но е редовен и кој би се исплаќал секој месец, а во согласност со растот на трошоците, беше поддржан од Сојузот на независни синдикати од Белград, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата